Шејк за забрзување на метаболизмот и согорување на калориите

ШЕЈК ОД АНАНАС И ЃУМБИР
• 300 гр конзервиран ананас
• 1 мала банана
• 1 мала лажичка изрендан корен од ѓумбир
• 100 мл јогурт со ниска масленост
• 100 мл сок од ананас (без шеќер)
Ѓумбирот тука игра улога како забрзувач на метаболизмот. Ако не сакате ананас, заменете го со портокал, мандарина или лимон. Сите состојки ставете ги во блендер и изматете ги убаво. Овој шејк можете да го пиете наутро 30 минути пред појадокот.
Нутритивни вредности:
Енергетска вредност: 248 калории
Протеини: 5,5 гр
Масти: 1,6 гр
Јаглехидрати: 77,4 гр