Шејк од жолто овошје

СОСТОЈКИ
• 1 Банана
• 2 Праски
• 1 Жолта круша
• 2 Жолти јаболка
• по потреба Вода
ОПИС
Се сецкаат сите состојки на мали парчиња и се блендираат. За 15 секунди жолтиот шејк е готов.
Можете да го конзумирате како замена за појадок или ужина.
• Банана
Бананите се лесни и содржат калиум, влакна, манган и витамин Ц, што ги прави одлични за децата.
Тие ви помагаат полесно да заспиете, да го зајакнете имунитетот како и да го задржите калциумот во телото.
• Праски
Праската е сочно овошје која е богата со витамин Ц, бета-каротен и антиоксиданси.
За да ги подготвите праските за смути, измијте ги убаво, исечете ги на половина и отстранете ја семката.
Нема потреба да ги лупите, особено ако користите органски праски.
• Круша
Крушите се хипоалергенски, тоа значи дека е малку веројатно дека тие можат да предизвикат алергиски реакции.
За да ги подготвите за смути, измијте ги убаво и исечете ги на половина.
Исечете го делот со семките и дршките. Не мора да ги лупите.
• Вода
Препорачуваме во секое смути да додадете течна состојка.
Обично, водата е добар избор бидејќи има неутрален вкус и нема дополнителни калории.
Таа е најдобар извор за хидрирање на планетава. Многумина од нас се дехидрирани а не се ни свесни за тоа.
Нутритивни вредности :
Енергетска вредност: 343 kалории
Протеини: 2 гр
Масти: 0,46 гр
Јаглехидрати: 88 гр.