Што е брз метаболизам?

Иако епидемијата на дебелината во поголем дел е предизвикана од активирање на механизмот за опстанок кој ги складира маснотиите, сепак постојат одреден број луѓе со прекумерна тежина.
Многумина тврдат дека не јадат премногу а се докажува и дека ја зборуваат вистината.
Спротивни на нив се луѓето што лакомо јадат а никогаш не добиваат ни килограм.
Иако брзината на метаболизмот не игра многу голема улога како што мислат луѓето, факт е дека сите имаме различна брзина на метаболизмот и дека тоа влијае на тоа дали добиваме тежина полесно или потешко.
Тоа ни стана сосема очигледно по канадската студија за близнаците.
Во таа студија 12 двојки еднојајчни близнаци во текот на 100 дена, шест дена во неделата, се хранеле со илјада калории повеќе отколку што е потребно.
Количеството на вежбањето било внимателно надгледувано и било еднакво за сите.
Така сите учесници имале ист внес на енергија што еднакво ја трошеле на идентични вежби.
При крајот на студијата, тежината на секоја двојка близнаци еднакво се зголемувала, но меѓу различните двојки добивањето тежина варирало од 4 до 13 килограми.
Таа студија потврди дека главен придонес за зголемување на телесната тежина дава брзината на метаболизмот, која е главно генетски предодредена.
Важно е лицата што применуваат диета да го разберат тој факт затоа што брзината на метаболизмот влијае на ефикасноста на диетата и на вежбањето.
Не се обесхрабрувајте ако вашиот метаболизам е бавен.
Едноставно ќе мора да бидете малку посовесни во придржувањето до правилната исхрана и да вложите поголем напор во вежбањето.
Исто така, сосема е сигурно дека секој ќе ослаби, без оглед на хромозомското или хормонското нарушување или каква било друга болест врзана за метаболизмот, ако внесува калориска вредност на храна што не е доволна за енергетско покривање на дневните потреби.