Што е витамин Ц?

Витаминот Ц (аскорбинска киселина) е многу важна есенцијална хранлива материја, што значи дека мораме да внесуваме преку исхраната. Се наоѓа претежно во свежите овошја и зеленчук.
Витаминот Ц е изразено нестабилен витамин, така што неговото готвење или долготрајното изложување на светлина во голема мера го уништува.
Витаминот Ц е потребен на сите живи битиа, па така и човекот, поради неговата улога во производството на колаген.
Важен е и поради заштита на витамините А и Е, но и масните киселини од оксидирање. Доволни количини на витаминот Ц спречуваат и лечат многу болести, а помагаат и кај лечењето од анемија.
Колагенот е сврзно ткиво кое може да се опише како “интрацелуларно лепило” и како таков е присутен во целото тело.
Сврзното ткиво му дава на нашето тело облик и ги “држи” органите.
За полесно да ја процениме важноста на колагенот, еве 5 типови колаген и каде е нивната употреба:
Типови колаген
тип 1 – сврзно ткиво на кожата, коските, забите, тетивите, лигаментите, мусклните капсули;
тип 2 – рскавицата;
3 – сврзно ткиво во органите како црн дроб, слезината, бубрезите;
тип 4 и 5 – разделниот слој помеѓу епителниот и ендотелниот слој, разделниот слој помеѓу мускулното и коскеното ткиво, бубрежните гломерули и глијалните станици на нервното ткиво.
Видливо е дека колагенот е присутен во сите делови на телото, а витаминот Ц игра важна улога во создавањето на колагенот.
При синтезата на колаген, во телото се одвиваат многу реакции- одвнатре и однадвор. Витаминот Ц е активен во внатрешноста на клетката, каде што врши хидроксилација (додавање на водород и кислород) на две аминокиселини- пролин и лизин.
Во доцната фаза на реакција, тие две киселини создаваат колаген. Без витаминот Ц процесот на создавање на колагенот е оневозможен, што може да предизвика бројни проблеми во целото тело.
Освен во креирањето на колагенот, овој растворлив витамин има бројни биолошки функции.
Витаминот Ц како јак оксидант штити ЛДЛ холестерол (лошиот) од оксидирање.
Истражувања покажуваат дека баш како таков, преку оксидирањето “оштетениот” ЛДЛ доведува до болести на срцето и крвните жили. Витаминот Ц исто така штити и од срцеви болести така што ја смалува вкочанетоста на артериите.
Аниоксидативните својства на витаминот Ц делумно ги штити пушачите, како и луѓето кои се изложени на пасивно пушење, од штетните влијанија на слободните радикали.
Контролирано клиничко испитување покажало дека поголема количина на витамин Ц може да ја намали штетата на слободните радикали и оксидацијата на ЛДЛ, како последица од изложеноста на чадот од цигарите.
Витаминот Ц игра многу важна улога во процесот на заздравување на раните, а се однесува и како антиоксидант.
Потребен е во производството на јетрената жолчка, како и детоксикација на алкохолот од телото.
Витаминот Ц во секојдневната исхрана
Иако витаминот Ц во мали количини може да се најде во намирниците од животинско потекло, единствен значаен природен извор на витаминот Ц се овошјето и зеленчукот.
Тој треба да се конзумира по можност свеж, а ако е потребно зготвен во мала количина вода или на пареа, и веднаш потоа сервирано.
Витаминот Ц е веројатно најнестабилен витамин. Предолго миење, сецкање на овошјето и зеленчукот на мали парчиња, се намалува количината на витаминот Ц.
Особено аскорбинската киселина лесно и брзо се разградува (оксидира) на воздух, посебно во присуство на топлина и во алкална средина.
Витаминот Ц е растоплив во вода, така што готвењето на зеленчукот или овошјето во многу вода предизвикува додатен губиток на витамин Ц кој останува во водата во која намирницата е готвена.
Занимливо е што губитокот на витаминот Ц е значително поголем ако храната се припрема во железен или бакарен прибор.
Со обзир на тоа дека во секојдневната исхрана се почесто се користат замрзнати и однапред подготвени намирници, треба да се има на ум дека со овој пат се губи значаен удел на витаминот Ц.
Губитокот на витаминот Ц при чување на зготвен зеленчук во рок од еден ден во фрижидер изнесува и до 55%!
Содата бикарбона која понекогаш се додава во зготвениот зеленчук, како би се задржало природната боја на зеленчукот, Исклучително ефикасно го уништува витаминот Ц.
Содржината на витамин Ц во поединечни намирници може да варира во зависност од условите за раст и степенот на зрелост.
Зависно од приготвувањето на поединечни намирници, можен е губиток и до 75% количина на витамин Ц.