Што ни помага на патот кон виткоста?

И покрај рекламите каде што убави и витки девојки се фалат дека благодарение на “магичен препарат” слабеат 20 килограми за неколку недели јадејќи што и колку сакаат, никој веќе не верува во тоа (или се верува додека на своја кожа не искуша како стојат работите).
Порано или подоцна, секој кој ќе успее да одржи витка линија, сфаќа дека е важно што и кога јадеме, односно дека за долгорочна тенка фигура мора да се промени исхраната и многу други животни навики.
За среќа, постои храна која не прави помалку гладни и уз која полесно се слабее.
Маснотии
Мастите се доста зезната работа – обично во на прво место, кога ќе треба да се најде виновник за вишокот на тежина а сепак, нивното исфрлање од исхраната ќе биде катастрофално, бидејќи на телото му требаат за да преживее само исто како што на телото му требаат и други важни хранливи состојки.
Значи, ако сакате да изгубите на тежина, треба да внимавате какви масти јадете и во кои количини.
Поради холестеролот во исхраната се препорачуваат растителни масти. Но, како што рибиното месо нема ист холестерол како говедското или свинското месо, и растителните масти меѓусебе се разликуваат.
Апсолутен приоритет им се дава на ладно цедените масла, кои се за жал се прилично скапи и релативно ретки, но се многу поздрави од маслата произведени во стандардна индустриска процедура.
Кокосово масло
Кога зборуваме за редукциски диети, неодамнешните истражување покажуваат вредност на кокосовото масло, кое долго време не беше на нашиот пазар, а денес се наоѓа главно во специјализирани продавници.
Повеќето масла, вклучувајќи го и маслиновото, се составени од масни киселини кои циркулираат во телото откако ќе ги изедеме и им дозволуваат на гладните масни ќелиите да ги вцицаат односно складираат.
Кокосовото масло, содржи исклучително ретки масти наречен триглицериди на среден синџир, кои одат директно во црниот дроб, каде што горат во пламен.
Исто така на телото за варење на овие триглицериди му треба многу енергија, па за кокосово масло може да се каже дека е состојка од која се слабее.
Во мали количини може да се јаде на леб наместо путер или маргарин а во салати и варен зеленчук може да зачинете со лесно стопено масло.
За жал, кокосово масло не е храна без недостаток и опасност: не треба да се користи за готвење и пржење, бидејќи неговата структура се менува (распаѓа) на високи температури и ги губи наведените својства.
Исклучително е важно да се предупреди дека кокосовото масло е заситено со масти и го зголемува нивото на холестерол и триглицериди во крвта, што значи дека во никој случај не треба да биде само масло во исхраната, туку треба да се комбинира со други масла (најдобаро со ладно цедено маслиново масло) .
Путер од јаткасто овошје
Најпознат ваков путер е путерот од кикирики, кој во нашата земја не се користи традиционално, туку може да се купи во големите трговски центри.
Иако на прв поглед се чини дека е масно и нездраво како и другите путери, истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат путер од јаткасто овошје (ореви) се послаби од оние кои јадат традиционален путер од кравјо млеко.
Иако сигурно научно објаснување за ова непостои, најверојатно овие путери имаат “добитна” комбинација на протеини, масти и влакна, кои и по конзумирање на мали количини резултира со чувство на ситост и затоа се јадат помалку од другата храна.
Ако не ви се допаѓа путер, добро е да се јадатцелите плодови: истражување на Универзитетот Пурдју покажа дека воведувањето на кикирики во секојдневната исхрана по 19 недели резултираше со намалување на вкупните дневните калории од 11 проценти.
Ова се објаснува со фактот дека незаситените масти побрзо се варат.
Меѓутоа ако јадете многу путер од кикирики, ќе се здебелите (препорачаната дневна доза е една до две лажици).
Поради количеството на влакна се препорачува со парчиња од кикирики или оние зрнестите (на путерот му се додаваат некои нездрави масти).
И другите јаткасти плодови содржат здрави маснотии, како и повеќето семиња (сусамот е исклучително здрав) а од други извори на масти се препорачува авокадото.
Сите масти содржат околу девет калории (всушност килокалории, што во секојдневниот говор се нарекуваат калории) по грам.
Затоа посакуваниот резултат (губење на тежината) ќе се постигне само ако нездравите масти ги замениме со здрави, а не ако во храната како обично и долевате здрави масти.
Влакна
Храна богата со растителни влакна дава чувство на ситост, па кај губење на тежината се препорачува во редовна исхрана да се воведат повеќе интегрални житарки и овошје и зеленчук (повеќе нелупени и сирови).
И да се смири гладот помеѓу оброците се препорачува храна богата со растителни влакна.
Белковини
За диети за намалување на тежината се препорачува да се исфрли црвено месо (наместо него да се јаде риба и живина) или целосно да се исфрли месото.
Вашиот избор за тоа е дали да се исфрли месото или не, но со диета со протеини, секако треба да се конзумира младо немасно сирење или соја сирење (тофу) и други производи од соја.
Јаглени хидрати
Иако авторите на различни диети често не можат да се договорат меѓу себе, а често и знаењата им се побиваат, многу јаглехидрати (со масти) ги наведуваат како главна причини за дебелината.
Несомнено е дека во пирамидата на здрава исхрана главното место треба да заземат јаглехидратите, но тешко ќе успеете бидејќи за време на диетата не треба да јадете бело брашно, пецива и слично.
Јаглехидратите треба да се земаат од цели зрна (посебно се препорачува овесна каша и овесни снегулки) и грав (азуки грав и манго грав, кои од неодамна се многу здрави видови храна во нашата култура).
Шекери, витамини, минерали и ензими
Ни шеќерите не треба да се исфрлаат од исхраната за време на диетата но не е сеедно дали јадете едноставни или сложени шеќери, и затоа јадете повеќе свежо овошје.
И сувото квалитетно овошје е извор на шеќери, минерали и други важни хранливи материи, а промена во навиките за јадење значи да се научи да се подготвуваат здрава десерти (макробиотички торта или десерт од целер се одлични алтернативи).
При редукциски диети јадете повеќе зеленчук (особено млад) и салата. Обидете се да се навикне на зеленчук за ужина наместо на други закуски.
Треба да се внимава да не се внесува премногу сол во организмот, но треба да бидете свесни дека недостатокот на сол е многу опасен (особено во лето, кога се потиме).
Други совети
Чаша млака вода наутро на празен стомак ќе го стимулира варењето на храната. Кај нас сосема се цени јаболков оцет, кој во диетите се пие на празен стомак (обично со мед).
Ова е добар совет, под услов да не чувствувате никакви тегоби. Како и голем број на луѓе од конзумирање на јаболковиот оцет може да имаат проблеми со киселина во желудникот и други тегоби, за ова треба да се консултирате со лекар.
Во нормален начин на живот треба да пиете најмалку 1,5 литри вода на ден, а во текот на диетите многу повеќе.
Се разбира колку повеќе се движите (посебно се препорачува пешачење и пливање) и сте физички по активни, вашиот метаболизам ќе биде побрз и ќе потроши повеќе енергија (калории), а тоа значи дека полесно ќе изгубите на телесната тежина и ќе бидете поздрави.