Што поточно е ленот?

Ленот (Linum usitatissimum L)е едно од најстарото култивирано растение со многу висока хранлива вредност и со висок процент на линоленска (омега 3) киселина, но и значајно количество на протеини.
Лен (Linum usitatissimum L)
Ленот е едно од најстаро култивираните растенија кај човекот кој ретко се наоѓа како диво растение. Неговиот зрел плод наликува на заоблена торбичка со 8 -10 смеѓи или златно жолти семки.
Самото зрело семе е лековито бидејќи содржи доволно слуз и од него лесно се добива ленено масло. За изработка на масло, но и за опијати ленот најмногу се култивира во Аргентина и Египет.
Состав
Семките во кои се наоѓа 30-45% масло и 20% протеини во горниот дел од лушпата содржи слуз (3-6%).
Во ленените семки се наоѓаат фосфатиди (0,8% лецитин) и бројни растителни фитостероли (ситостерол, дихидроситостерол, холостерол, кампестерол и сигмастерол) и разни ензими и цијаноген гликозид линустатин, кој пак под влијание на ензимите се разградува на цијановодна киселина и ацетон (не доаѓа до труење бидејќи желудочната киселина инактивира ензим линаза).
Ленено масло
Ладно цеденото масло од лен е ретка течност со карактеристичен мирис и светло до темно жолта боја. Се состои од повеќекратно незаситени масни киселини, поради што лесно оксидира.
Во зависност од изворот маслото од лен содржи мешавина од глицериди со висок процент линоленска (омега 3) киселина – (40-60%), потоа линолна (16-25%), и олеинска (14-16%) и палмитинска (10-15%) киселина.
Лененото масло произведено од подрачја со умерени климатски услови содржи повеќе незаситени масни киселини од маслото од топлите краеви.
Лековито дејство
Лененото семе е лаксатив. Лененото семе влијае стимулативно на цревата и ја обновува нивната точност без притоа да прави зависност или да ги оштетува цревата.
Лененото семе набубрува со што се зголемува волуменот на цревата, ги раширува и ја подобрува перисталтиката.
Како средство за чистење се употребува мелено ленено семе кое претходно се натопува во вода, бидејќи мора да набабри во цревата.
Чајот од ленено семе се користи како средство за плакнење при воспаленија на устата, грлото, непцата и против засипнатост, но и при воспаление на желудочниот слуз (потполно ја прекрива иритираната и надразнетата слузница.
Облоги од ленена каша ублажуваат болки и омекнуваат поткожни чиреви.
Примена на ленот
Лененото масло се користи за надворешна употреба во облик на облог кај појава на егземи, псоријаза и кожен осип.
Вреќичка со ленено семе се користи за ублажување на болки (топла вреќичка – против забоболка, ишијас, реума, невралгија на лицето, стомачни болки и друго.
Како благо средство за чистење на цревата се дава лажица ленено масло, а поретко се употребува за готвење бидејќи брзо се расипува.
Примена во ароматерапијата
Лененото масло во ароматерапијата се користи како база за разредување на етерични масла. Се применува при разни иритации на кожата, нега на масна коса и акни затоа што помага за регенерација на клетките.
Дејствува благо и смирува воспалениа, а ублажува и болки во мускулите и зглобовите, објаснуваат докторите Јасминка Папиќ и Андреја Барашин.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Поради високото учество – линоленската киселина многу лесно оксидира при што се ослободуваат слободни радикали.
Затоа е важно лененото масло да се чува во ладилникот, и добро е да се додаде Е витамин како антиоксиданс.
Лененото семе е посигурен извор на линоленска киселина отколку маслото, бидејќи маслото во семето останува свежо се додека не се измеле или подложи на топлински третман.
На тој начин ги задржува природните антиоксиданси, витамини и минерали кои се наоѓаат во семето.