Што се додатоци во исхрана (Суплементи) и зошто служат?

Додатоци на исхраната или суплементи се производи кој се состојат од една или повеќе есенцијални хранливи состојки како што се витамини, минерали, лековити треви, аминокиселини, концентрати, метаболити и екстракти од овие работи.
На пазарот се присутни во многу форми како што се таблети, капсули, во прав, гелови и течности.
За што служат додатоците на исхраната ?
Суплементите надокнадуваат недостаток на компноненти на храна кој можат да бидат исклучително корисни но не се замена за хранливи состојки добиени од храната.
Тие се концентрати и екстракти кој содржат поголема количина одредени состојки отколку што има во природен облик во храната.
Со употреба на суплменети неможе да се надомести соодвентната исхрана во која се присутни сите артикли но нивната употреба е пожелна од причини што во класична исхрана во организамот неможе да се внесат сите супстанци потребни на спортистот.
Имајки ја во предвид функционалната поделба суплементите може да се групираат вака:
• За заштита од стрес и слободни радикали
• За изградба на мускулна маса
• За брзо и лесно закрепнување
• За поголема издржлуивост на мускулите
• За заштита од болести на срцето и крвните садови
• За заштита од рак
• За заштита од појава на инфкеции
• За заштита од остеопороза
• За заштита од губиток на меморијата и лошо расположение
Антиоксидансите се најважни додатоци во исхраната на спортистите (Селен, пикногенол, ликопен, бета каротен, Е витамин, Ц витамин, алфа липолична киселина, коензим Q 10 ).
Зошто спортистите земаат суплементи ?
Активните спортисти земаат суплементи од следните причини :
• Да ги задоволат зголемените потребни од хранливи материи
• Да ги подобрат физичките перформанси на телото
• Да ја зголемат силата и издржливоста
• Да го скратат времето за заздравување
• Да ги олеснат тегобите од напорните тренинзи
• Да ја подобрат рехидрацијата
Веднаш треба да се нагласи дека е голема разлика мегу “обични ” луге кој се занимаваат со секојдневни работи и активни спортисти.
Интензивната физичка активност е физички, метаболички и психички стрес што во организамот создава големи промени и прилагодувања.
Поради тоа спортистите имаат поголема енергетска потрошувачка, значи им треба повеќе храна но и храна богата со хранливи состојки.
Бидејки во текот на интензивниот тренинг кој постојано се повторува, поради силната оксигенација на клетките и ткивата се ослободува голема количина слободни радикали, антиоксидансите мора да бидат секогаш присутни а пожелни се и нивни комбинации.
Под голем притисок на зголемени барања, ткивата и органите повеќе се трошат и оштетуваат па им е потребна редовна “репарација”.
На спортистите им се препорачува суплементите да ги користат селективно и умерено.