Што се знаеме за магнезиумот ?

Телото не може самото да произведе магнезиум па потребно е секојдневно да го внесуваме преку исхраната. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека неговото внесување само преку исхраната е недоволно.
Телото на возрасен човек со со просечна тежина околу 70кг содржи околу 20г магнезиум, од кои 65% се наоѓаат во коските и забите, а останатото е распределено помеѓу крвта, телесните течности, органи и други ткива.
Магнезиумот е животно важен материјал за човекот. Потребен е за нормална работа на срцето, нервите и мускулите, а учествува и во активација на повеќе од 300 ензими кои осигуруваат непречен тек на бројни метаболички процеси.
Се апсорбира во тенкото црево, на што поволно влијае витминот Д. Регулатор на неговата севкупна содржина во телото се бубрезите, а резервите се наоѓаат во коските.
Телото не може само да произведе магнезиум па препорачливо е да се внесува секојдневно преку исхраната – дневните потреби за магнезиум се околу 300 до 400 мг.
Истражувањата покажуваат дека често имаме недостаток од овој особено важен минерал.
Симптоми на недостаток на магнезиум во телото се раздразливост, депресија, нервоза, намалена меморија, треперење на мускулите, грчеви, слабост, повраќање итн.
До недостаток може да дојде поради намалено внесување (неурамнотежена диета, продукти сиромашни со магнезиум), зголемено излачување од организмот (алкохолизам, злоупотреба на лаксативи, лечење со диуретици или со дигиталис), лопа искористливост на внесениот магнезиум поради некои дигестивни проблеми, променети навики во исхраната..
Секако дека зголемените потреби за магнезиум, покрај лошото надокнадување, исто така предизвикуваат дефицит.
Зголемена потреба за магнезиум имаат старите лица, срцево болните, лица изложени на зголемен физички и психички напор поради стресна и динамична работа, спортисти, дијабетичари, младите во развој и трудници и доилки.
Бидејќи е вклучен во многу процеси во телото, тој минерал може да се примени кај различни пореметувања кои се опфатени во три големи индикациски групи: гинекологија (кај дисменореа, ПМС, бременост, доење), кардиологија (кај хронични срцеви заболувања, аритмија, зголемен крвен притисок) и тетанички синдром (грчеви во листовите, напнатост во мускулите, грчеви во дигестивниот систем, мигрена).
Магнезиум и растенија
Магнезиумот во растителнио свет е есенцијален елемент затоа што игра пресудна улога во одржување на зелената свежина на шумите, тревите и сите останати зелени растенија.
Имено, бојата доаѓа од пигментот хлорофил – хемиски сложено соединение кое во средината на својата молекула содржи магнезиум.
Иако на прв поглед тоа е неочекувано, пигментот во листовите – хлорофилот и пигментот во црвените крвни зрнца – хемоглобинот се слични по хемиски состав.
Главната разлика е во тоа што хемоглобинот во својата структура како централен атом содржи атом на железо, а кај хлорофилот тоа е атом на магнезиум.
Магнезиумот учествува и во изградбата на клаточните ѕидови и е важен ензимски активатор.