Јадете малини и согорувајте масти!

Kетонот во малините е природно фенолно соединение кое е одговорно за вкус на малината.
Според една студија на Планта Медика Институтот тој е исто така моќен согорувач на масти.
Тестирано на група на лабараториски глувци, беше откриено дека кетонот на малината го зголемува лачењето на адипонектин.
Ова е важно затоа што адипонектинот е протеински хормон кој влијае на голем број на метаболичките процеси, вклучувајќи го регулирањето на гликозата и катаболизмот на масните киселини.
Претходните студии покажаа дека високи нивоа на адипонектин се обратно пропорционални со процентот на масно ткиво.
Повисоко ниво на адипонектин = пониско ниво на масти во телото
Во текот на последната студија, оваа теорија повторно се покажала како точна, па дебелите лабораториски глувци, изгубиле голем износ од мастните наслаги конзумирајќи адипонектин.
А ако губитокот на тежината не е доволен показател, докажано е дека повисоко ниво на адипонектин ги контролира метаболичките нарушувања што може да доведе до дијабетес тип 2, дебелина, атеросклероза, неалкохолна маснотија во црниот дроб и метаболички синдром.
Како резултат на тоа, научниците заклучиле дека кетоните на малината “имаат голем потенцијал” за топење масти и за подобрување на здравјето.
Во блиска иднина можеме да очекуваме широката употреба на кетоните од малината во повеќето суплементи за согорување на мастите.