„ЈАДИ НА СЕКОИ 3 ЧАСА“ ДИЕТА

Новата диета популарно наречена „3 часа“ се базира на тоа да водите сметка кога јадете, а не што јадете.
Оваа диета се темели на фактот дека полесно ќе ги изгубите килограмите доколу јадете почесто, секако во помали количини, и налага храната да се консумира на секои три часа.
Диетата има три основни правила:
● Наутро мора да појадувате најдоцна еден час откако ќе станете од креветот
● После првиот оброк јадете на секои три часа
● Последниот оброк во текот на денот треба да биде три часа пред да одите на спиење
Од намирници се препорачува многу овошје, вегетаријанска храна, со умерено внесување на јаглехидрати.
Додека сте на оваа диета пијте по 8 чаши вода на ден, со тоа што на секоја шоља испиено кафе треба да испиете плус 2 чаши вода.
Брзата храна и алкохолот се забранети во оваа диета.
Диетата трае 28 дена, а би требало да губите по 1 килограм неделно.
Доколку сакате, диетата можете да ја продолжите.