ЈОГА ДИЕТА

Јога диетата претставува збир на правила кои иако се крајно едноставни, даваат одлични резултати видливи на вагата, но и на телесните пропорции.
Не мора да вежбате јога за да ги усвоите долните правила.
Ваквата исхрана ве потикнува да ги користите производите кои се корисни за вашето тело и кои релативно лесно се наоѓаат а нивниот извор е – природата.
Значи, не мора да користите разни видови на вештачки витамини и хранливи апчиња, затоа што неопходните супстанци секојдневно ги добивате со внесување на квалитетни и добро избалансирани намирници.
Со јога диетата може да водите здрав и исполнет живот, истовремено штитејќи го телото од разни заболувања и болести.
Оваа диета ја поддржува природната рамнотежа на природните сили во телото, збогатувајќи ги органите и ткивата со корисни нутритиви и ја подигнува менталната енергија.
Правилата на јога диетата се прилично едноставни и разбирливи.
Основни правила на јога диетата се:
– Никогаш не јадете стоејќи
– Јадете три оброка дневно
– Никогаш не ја подгревајте храната повторно
– Пијте 6 – 8 чаши вода дневно. Немојте да ја замените водата со чај, сокови и останати пијалоци
– Избегнувајте пржена храна, оваа храна е многу тешка за варење и го иритира желудникот
– Направете ја храната привлечна, на пример украсете ја со свежи растенија.
Пример на диетен план:
Прв појадок: 150 – 200 гр од било кое овошје.
Втор појадок: Шоља супа од зеленчук без маснотии (250 мл), 100 – 150 гр посно варено месо, (телешко, јунешко, риба или пилешко без кожа ), салата од свеж зеленчук без додатоци (можете да ја зачините со сок од лимон).
Ручек: Шоља супа од зеленчук без маснотии (250 мл), 100 – 150 гр сирење или варено јајце, салата од свеж зеленчук без додатоци (освен сок од лимон), чаша обезмастен јогурт или млеко.
Вечера: 150 – 200 грама од било кое овошје.
Може да јадете различна храна. На пример, денес јадете рибина чорба и риба.
Утре јадете пилешка супа и пилешко месо.
Може да направите многу едноставна салата од зелка, цвекло, моркови лук.
Варијациите се многубројни а единствено ограничување е вашата фантазија.
Распоредот на оброците со два појадока дава можност оброците да ги распоредите така што нема да гладувате и лесно се прилагодува на било кој дневен ритам.
Оброците се со избалансирана исхрана и телото не страда од недостаток на витамини и минерали.
Ефектот на јога диетата може значително да го подобрите со секојдневни физички активности.
Иако го носи името во кое се споменува јога – не е неопходно да вежбате јога – доволна е и четириесет минутна брза прошетка, возење велосипед или пливање.
Важно е секојдневно да ги имате овие активности.