Џенифер Лопез ви препорачува рецепт за здрав смути за појадок

Џенифер Лопез е мулти-талентирана поп-ѕвезда, кој секогаш освен со своите таленти, плени и со својот изглед .
Таа сега е 45-годишна мајка на близнаци, која се уште ја задржа својата форма и убавина со здравиот начин на живот.
Таа ни го открива рецептот за смути кое најчесто го спрема за појадок.
Џенифер Лопез препорачува:
– 1 супена лажица протеин во прав Whey Protein Complex 100% (сурутка во прав со вкус на ванила или чоколадо)
– 100 гр јагоди
– 50 гр боровинки
– 50 гр малини
– 100 мл јогурт 0,5 масленост
– 1/2 чајна лажичка цимет
– 1 чајна лажичка мед
– 1 чајна лажичка сок од лимон
– неколку коцки мраз !!
Кога сето ова ќе го изматите во вашиот блендер, ќе добиете вкусен и здрав појадок или ужина. Можете да комбинирате и со други овошја по ваш избор.
Нутритивни вредности:
Енергетска вредност: 168.2 калории
Протеини: 12.09 гр
Масти: 0,87 гр
Јаглехидрати: 28.6 гр