10 глупави начини за флерт !!

Сите сакаме да флертуваме со згодни момчиња или девојки но сепак има одредени правила до каде можете да одите со флертот.
Еве неколку глупави ситуации за флерт што не треба да ги применувате:
1. На бизнис забава ви се откопча блузата а вие замолувате непознат згоден маж да ви ја закопча.
2. Купивте презервативи, но не сте сигурни дека се добри, па решивте да го прашате шефот за совет.
3. Во теретана непотребно е да се консултирате со тренерот за Кегелови вежби зар не?
4. За време на важни преговори наместо да внесувате податоци во лаптопот, вие на „Фејсбук“ разговарате со згодниот колега.
5. Во канцеларијата одлучивте да организирате „игра на погодување“ – дали имате градник или не бидејќи сте опкружени со секси колеги.
6. Во кафулето прегласно им раскажувате на другарките за вашиот секс-маратон со непознат тип.
7. На вечера сте со родителите и преку нивните рамена си разменувате Аморови стрелки со момчето на спротивната маса.
8. Сакате да се приклучите на група слатки момчиња што играат кошарка пред зграда.
9. Секој месец одите на гинеколошки преглед само затоа што ви се допаѓа гинекологот.
10. Ако сте на свадбата на блиска пријателка, а нејзиниот избраник е баш сладок, не му „честитајте“ на секој половина час.