10 ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ СЕКСОТ Е ЗДРАВ !

Топлите летни денови кои се пред нас нај радо би ги поминале во ладовината на некоја плажа со зачестено пливање или валкања во плитко. Тоа значи дека не ни е до некои претерани физички активности во најголем дел од денот кога температурите поминуваат 30 целзиусови степени. Мора да бидеме мудри и да ги распоредиме активностите; онаа од која не морате да се откажете за време на овие летни месеци секако е сексот, кои треба да се практикува и во вода, доцна навечер или наутро, пред заминување на работа за да не ви биде претопло!
Затоа заборавете ги изговорите дека ви е премногу топло или сте премногу уморни, а другите активности заменете ги со оваа од која, сем уживањето ќе имате и повеќекратни бенефиции за здравјето !
1. Здравје на срцето и крвните жили
Отчукувањето на срцето се забрзува за времето на сексуалниот однос , а најбрзи се во текот на оргазмот – просечниот скесуален однос има подеднаков ефект на срцето како 20 минути одење а оргазмот е еднаков како и напорот при качувањето по скали. Познато е дека на болните од срце им се препрачува да внимаваат и им се забранува земање на било какви стимулативни средства.
2. Расположение
Секако, втор по ред ефект, но не помалку значаен – влијанието на сексот врз менталното здравје. Сем што ве опушта, за време на сексуалнот однос се ослободуваат многу хормони кои го поправаат расположението, као да сте јаделе од омиленото чоколадо а при тоа не се здебелувате!
3. Физичка активност
Во зависност од траењето и од позите, сексот е покрај емоциналното зближување со партнерот, и одлична вежба за телото – може да биде по напорна или по лесна, аеробна или за јакнење намускулите.
4. Феромони
Веќе занете дека колку повеќе практикуваме секс, повеќе ви се зајакнува сексуалната желба. Затоа практикувајте некаква редовност и со тоа одржувајте го нивото на феромоните на ниво за да и понатаму го привлекувате спротивниот пол или партнерот.
5. Здравје на кожата
Веќе ги напомнувавме хормоните кои се ослободуваат за време на сексот и кои влијаат на расположението – е тие влијаат и на убавината на кожата, косата, ноктите со своето дејство а имајќи во предвид дека сексот влијае и на циркулацијата, се зајаканува дотокот на крвта во капиларите, исхраната на станиците на кожата, нивната обнова и развојот.
6. Здравјето на репродуктивниот систем
Редовниот секс влијае на работата на хормоните, кои пак влиајаат на полните циклуси на жената. Докажано е дека жените кои имаат редовен сексуален живот имаат и редовен менструален циклус, на трудниците им помага полесно да се породат а на мажите им го одржува здравјето на простата.
7. Го намалува крвниот притисок
Редовниот сексуален живот го регулира вашиот пртитисок, и со тоа сем на заболувањата на срцето влијае и на намалување на ризикот од мозочен удар. Додека водите љубов вашиот притисок расте но со одржување на нивото на хормоните во крвта кои се ослободуваат во текот на сексуалниот однос или оргазмот, притисокот се нормализира.
8. Емоционална блискост
Сем секојдневниот живот кои го делиме со саканото лице кои го сочинуваат паѓања и кревања,се споделуваме и себе си на интимен начин по пат на нежност и секс. Блискоста ни овозможува да се отргеме од стресот, да почусвтуваме стабилност и сигурност и да градиме иднина. Велат дека паровите живеат подолго од самците поради помалку стрес и здравствени проблеми.
9. Мирен сон
Имајќи во предвид дека сексот опушта и смирува, така го олеснува смирувањето на нервите и гарантира мирен, длабок сон но сето тоа важи само ако го практикувате.
10. Сигурен секс
Ако имате долгогодишен партнер и практикувате моногамија, ова правило не е толку обавезно за вас, но ако не сте во наведената група сите здравствени причини во корист на сексот отпаѓаат. Со менување на партнерите и ако не користите никаква заштита рискирате да добиете некоја полна болест од кои некој се и причина за за малигни заболувања. Ако се заразите со некоја полна болест, наместо убавините на сексот ќе го открите неговото друго лице кое може да го избегнете.