10 совети за успешнo слабеење

Пролетта е веќе околу нас, сите се повеќе или помалку на диета со цел да изгледаат добро во костими за капење па така и вие, може упорно да вежбате но и исхрана придонесува зазрезултати.
По првичниот импулс на неколку килограми помалку и ентузијазам кој тогаш се зголемува одеднаш иглата на вагата запре и заглави!
Сите диети помалку – повеќе даваат добри резултати ако правилно се придржуваме кон нив со надзор на лекарите, тренерите и нутриционистите.
Сепак, постојат недостатоци во начинот на исхрана и здравиот начин на живот кои ја блокираат вагата и не дозволуваат килограмите да продолжат да се намалуваат.
Ви ги откриваме сите стапици на диети и заблуди за губење на тежината во кои влегуваме со најдобри намери.
1. Изберете овошје и зеленчук кое го јадете
Бананите содржат поголем број на калории отколку повеќето овошја 99 калории на 100 грама, па не можете да ги консумирате повеќе од една на неколку дена.
Меѓу овошјето се зборува за јаболката, боровинките, грејпфрутот, мангото, портокалите, ананасот, јагодите и мандарините, а од зеленчукот аспарагусот, цвекло, репка, брокула, зелка, морков, карфиол, целер, црвени пиперки, краставици, дива цикорија, марула, лук, боранија и кромид кои помагаат во трошење на калориите.
Цитрусно овошје содржи аскорбинска киселина, која помага во разградување и екскреција на мастите од телото.
Зрната соја содржат лецитин кој содржи колин и инозитол; неговите главни состојки по функција се катализатори и разградувачи на масти.
Со конзумирање на ова овошје три пати неделно ќе се намалат залихите на масти на природен начин, дејствувајќи од внатре.
Јаболката и бобинките содржат пектин, кој помага да се спречи натрупувањето на масти во клетките и нивно лачење.
Вистинската мера е едно јаболко на ден. Важна улога во разградувањето на мастите има и лукот заедно со многу други лековити својства.
2. Избегнувајте производи со ознака “лајт”
Прејдовте на ” light ” мајонез и пиете големо количество сокови на кој пишува ” no sugar added “?
Сите видови храна со слични етикети сепак содржат масти и шеќери, кои ќе треба да ги избегнувате но во помали количини.
Извор на масти кои можете да ги користите се тие од растително потекло, и тоа не обработени во фритеза, туку покапено низ салата.
3. Тренирајте со различен интензитет
Сте се одлучиле за физичка активност, неги избегнувате тренинзите, прави многу кардио вежби и вежби со многу повторувања?
Добро направено, продолжете така но внесете некои новитети за да го разбудите метаболизмот на вашето тело, кои со време се навикнал да користи иста потрошувачка на енергија.
Обидете се со кружен тренинг. По трчањето вметнете серија од неколку склекови, а потоа продолжете да трчате или да одите па вметнете серија стомачни или згибови и слично.
4. Не ги избргнувај те оброците
Избегнување на храната и штети на вашата диета од две причини; Првата е голема глад што ќе чувствувате а другата причина е забавување на метаболизмот со тоа и поспоро трошење на калории.
Кога нема храната што се вари, метаболизмот забавува со работа, а потоа одеднаш му давате храна а тој се уште работи бавно и како резултат на ова во телото настанува колапс.
Полн со јаглехидрати со малку протеини и “здрави” масти ќе го одржат вашето ниво на шеќер во крвта и не ќе чувствувате глад.
5. Пијте многу вода а не било која друга течност
Ако сте жедни или само ги надополнувате залихите, избегнувајте го она за што толку многу пати не ви го препорачуваме – газирани пијалоци и сокови преполни со шеќери.
Кога сте жедни, посегнете по чаша незасладен чај (зелен или бел) или чаша обична или минерална вода , тие се без калории.
6. Избегнувајте сокови, освен оние кои сами ги правите дома
На претходните совети се надоврзува и тоа ако подготвите сами дома знаете што сте ставиле во соковникот.
Подгответе зеленчукови сокови како и овошни бидејќи тие содржат еднакви количини на витамини и многу помалку шеќер.
Одлична витамин инјекција е ако течноста во која сте го зготвиле зеленчукот – по готвење на брокула, блитва или зелка (во обзир спаѓа секој зеленчук) во вода, не ја фрлајте течноста туку испијте ја.
Токму во оваа вода остануваат повеќето хранливите материи од зеленчукот и ние за жал редовно ја фрламе.
7. Избегнувајте било какви засладувачи
Не користете повеќе бел шеќер. Шеќерот е шеќер, без разлика во каква форма е.
На почетокот можеби ќе ви пречи да пиете незасладен чај или овошна салата без шеќер, но со време ќе се навикнете и ќе почнете да уживате во вистинскиот вкус на овошје, чај и друга храна.
8. Воведете нов начин на живот
Гледајте на диетата како добра можност за промена на начинот на живот од темел, а не како на нужно зло, кои ќе ве следи околу еден месец или два, а потоа ќе можете конечно да легнете вечер пред телевизорот со вашата омилена пица.
Водите дневник на исхрана и промени во расположението за да видите како вашето расположение влијае на потребата за одреден тип на храна.
Наместо да посегнувате по слатки, бидејќи сте под стрес, намалете го нивото на стрес и на други начини – вежбање, шетање на свеж воздух или со редовно одење во кревет секогаш во исто време и да спиете повеќе од 5-6 часа ноќно спиење.
9. Занимавај те се со разни физички активности
Не одете на пилатес само затоа што имам слушнато дека добро се согорува калории.
По долгиот работен ден, наместо да гледате телевизија за да се опуштите, директно одете на базен ако повеќе сте среќни да пливате.
Комбинирајте пливање со возење ролери со пријатели и малку умна работа на работа и ете ви тренинг за вашите потреби.
Кога ќе ви здодеат старите активности, обидете се со нови. Важно е само вашиот начин на живот да биде активен.
10. Планирајте го дневниот ритам!
Нездравиот начин на живот е убиец на секој план и на секоја диета. Нека секоја активност има свое место за вашето тело да го елиминира стресот поради непредвидени ситуации.
Планирајте го вашето мени неколку дена однапред, за да не ви се случи како единствената алтернатива на празен стомак да лапнете хамбургер или пита од пекарата во соседството.
Планирајте дома секогаш да имате свежо овошје и зеленчук, барем сега на пролет и кога природата со својата понуда соработува со нашата потреба за здрава исхрана!