11 совети за тоа како повеќе да се зближите со партнер-ката кога сте во врска?

По напорната работна недела, понекогаш ви годи да бидете мрзливи и неодговорни.
Уште ако во тоа ви се придружи и партнерот, уживањето ќе биде целосно.
Еве неколку мали задоволства што ќе ве зближат уште повеќе со вашиот партнер:
1) Бањајте се заедно
Наполнете ја кадата, направете пена и легнете и двајцата. Се надеваме дека може да ве собере.
2) Јадете в кревет
Веројатно мразите да наоѓате трошки в кревет, но тоа не е крај на светот.
На некој начин феноменално е чувството да се биде неодговорен и мрзлив и да се помине целиот ден в кревет со храна и со саканото лице.
3) Гледајте заедно серии или филмови
Изберете серија што и двајцата ја сакате и поминете го целиот викенд уживајќи дома.
Ако сакате хорор филмови, исклучете го светлото и цврсто прегрнете го саканиот.
4) Јадете чоколадо
Толку избор имате пред себе, препуштете се заедно консумирајќи чоколадо и не чувствувајте вина подоцна.
5) Излезете во дискотека
Излезете, напијте се и танцувајте со партнерот цела ноќ.
6) Полноќна посета на ресторан за брза храна
Не ви препорачуваме ова да ви стане навика, но од време на време упатете се сред ноќ во блискиот ресторан за брза храна, изберете го омилениот нездрав оброк и заборавете на него наредното утро.
Само еднаш се живее.
7) Отворете шише вино
Или две… или три.
Купете го омиленото вино, ставете си во убави чаши уживајте. Не размислувајте за последиците.
Само не кажувајте никому што сте правеле.
8) Гледајте порно-филмови
Многу двојки сакаат заедно да гледаат порно-филмови бидејќи тоа им го зголемува сексуалното доживување.
Она што се случува меѓу вас, вашиот партнер и лаптопот е ваша работа и не треба да се срамите.
9) Направете спа-центар дома
И мажите сакаат да се негуваат, но не смеат да признаат.
Затоа, двајцата ставете си маска за лице, правете си еден на друг педикир и масирајте се.
10) Гледајте стари фотографии
Извадете го стариот албум и смејте се на урнебесните фотографии од младоста.
11) Слушајте романтична музика
Можеби некои песни ви звучат многу „лигаво“, но токму тоа и треба.
Кога ќе дојдете дома, пуштете некоја балада и препуштете им се на песните за кои ви е срам да признаете дека ви се допаѓаат.