2 МЕДОВИ ДИЕТИ

Сите знаеме колку е здрав медот, знаеме дека треба редовно да го конзумираме поради големиот број на нутритиви кои ги содржи…но дали знаете како медот се покажал кај диетите?
Проверете сами.
Пред вас се две диети:
– Првата трае три дена и претстатвува класична брза диета (може да ја пробате за викенд)
– Втората е детоксикациска диета чија цел не е само да ви „украде“ неколку килограми туку и да ви го исчисти телото „одвнатре“.
Совет е да се користи мед со проверен квалитет – со тоа што мала предност им се дава на темните видови на мед.
Тридневна диета со мед:
Ако ја следите оваа диета, можете да намалите 2 – 3 кг за само 3 дена!
Прв ден:
Појадок: 2 жолчки помешајте ги со лажичка мед. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе (без шеќер).
Ручек: 100 гр сирење + 50 гр варен морков + 50 гр варена брокула + 50 варен карфиол, направете крем во блендер. Додаток – чај или кафе со 1 лажичка мед.
Вечера: 1 шоља бистра супа од зеленчук, 1 парче интегрален леб и едно јаболко, круша или портокал.
Пред спиење – чај со лимон.
Втор ден:
Појадок: Исто како првиот ден
Ручек: Направете крем од: едно меко варено јајце, лажичка мед и 100 гр младо сирење. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе.
Вечера: 150 гр риба или пилешко филе, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.
Трет ден:
Појадок: исто како првиот ден плус едно јаболко.
Ручек: 50 гр сирење,1 парче ‘ржан леб и чинија свеж зеленчук со сок од лимон.
Вечера: 300 обарен зеленчук,едно меко варено јајце и шоља чај со една лажица мед.
Напомена: Секој ден обавезно изедете полoвина лимон!
Детоксикациска диета со мед:
Потребно ви е:
– 1,5 литар негазирана минерална вода
– 8 лимони
– 2/3 лажици мед
– 1/2 лажици црвен лут бибер
Подготовка: Исцедете го сокот од лимон, додајте го медот и биберот и добро промешајте ја смесата.
Испијте ја целата количина од овој напиток. Со тоа може да пиете зелен чај и вода. Максимално траење на детоксикацијата е 3 дена.
Нема да почуствувате слабост и исцрпеност затоа што медот ќе го храни вашето тело, пиперот ќе ја подобри циркулацијата а лимонот ќе помогне телото да се ослободи од токсините.