3 едноставни домашни балсами за усни

Чекајќи да направите ваш домашен балсам за усните е како развивање на филм. Стоите и чекате. Потоа можете да го допрете.
Потоа се нервирате, бидејќи не е сув балсамот и сте му го расипале изгледот на производот. Потоа се од почеток…
За да го спречите сето тоа, најдобро е да го ставите балсамот во сад и да си одите од таму па се вратите по 3 часа.
Ние ќе ви презентираме три домашни балсами за усни.
Една од нив се прави со масло од лаванда, на другиот е главната состојка кокосовото масло. Третиот балсам се состои од мента и чоколадо.
Луксузен балсам за усни од Лаванда
Кога имате рецепт за правење балсам, може да се користи било какво есенцијално масло.
Направете балсам без масло од лаванда или заменете го со друго масло на пример масло од роза, портокал, камилица, ванила …
За овој балсам треба мед, што му дава одличен вкус. Само внимавајте да не ги лижите усните премногу. Тоа ќе ги исувши, што е спротивно на она што го сакате.
Забелешка: Овој балсам е сосема мек, и таков би бил и кога би го спремиле во туба.
Потрудете се да ги отстраните остатоците од стариот балсам (ако не сте купиле нова празна туба) и стерилизирајте ја тубата со врела вода неколку минути.
Рецепт
• 4 лажици масло (јојоба, бадемово или маслиново)
• 1 лажици пчелин восок
• 1 лажица мед
• ¼ лажици масло од витамин Е (или 3 исцедени капсули на витамин Е)
• 7 капки масло од лаванда (или некое друго)
• 1 лажица какао во прав (ако сакате)
• 1 лажица кармин за уста природна боја
Загрејте го маслото, восокот и медот во мал сад, на многу ниска температура. Мешајте додека восокот не се стопи целосно.
Извадете ги од ринглата и брзо додадете го етерично масло, витаминот Е, какаото и карминот.
Дното на садот ставете го во плиток сад со мраз вода, и матете додека го додавате на медот.
Кога медот ќе се вклопи во мешавината, ставете го балсамот во кутивчето во кое ќе го чувате и одставете го вака следните три часа.
Кога станува збор за бојата на балсамот, изберете си боја по ваша желба. Мешајте додека не видите дека сте ја добиле онаа “вистинската”.
Балзам за усни од роза и какао
Покрај редовните состојки за балсам, може да вметнете и ливчиња од роза или ружа. Наместо роза, можете да го користите било кое суво растение или цвет.
Најефективни (кои највеќе ќе ги ублажат усните) состојки би биле: роза, камилица, невен, зелен чај, лаванда дури и хибискус. Всушност, ако го користите хибискусот усни ќе ви станат негувани розови усни.
Уште една интересна работа во врска со овој балсам. Било кој балсам може да се користи како мелем за рацете, но овој балсам е исто така одличен хидратантен крем за целото тело.
Рецепт
• 2 лажици кокосово масло
• 1 лажица рендан путер од какао
• 1 лажица сушени пупки (или некои суво цвеќе, зелен чај …)
• ¼ лажица масло со витамин Е (или 3 исцедени капсула на витамин Е)
• 3 капки есенцијално масло од роза (по желба или лаванда, ванила, портокал).
На многу ниска температура матете кокосово масло во мал сад. Кога маслото ќе стане течност, додадете рози (или други исушени цветови) и добро промешајте.
Оставете го садот со балсамот (на ниско ниво на топлина) да отстои еден час. Оваа смеса исцедете ја низ сито или газа во садот во кои ќе ја чувате.
Избришете го почетниот сад што сте го користеле, ставете му масло и вратете го на оган. Додадете го какао путерот и мешајте додека не се стопи.
Отстраните го од ринглата и додадете го витаминот Е и етеричните масла, и добро измешајте. Смесата префрлете ја во мал сад и оставете три часа да стои на едно место.
Забелешка: Бидејќи се работи за кокосово масло, не го ставајте балсамот во туба или во џеб. Кокосово масло брзо станува течност кога е изложено на најмало зголемување на топлината.
Свеж чоколаден балсам за усни
Овој рецепт е различен од другите, бидејќи е повеќе отколку само балсам. Многу е цврст и речиси е невозможно да го отстраните од садот.
Потребно е повеќе време и трпение да го нанесете на вашите прсти, да проверите дали е доволно мек и за вашите усни.
Изненадувачки какаото му дава премногу боја. Балзамот има многу светла нијанса. Но мирисот на нане е она што освојува.
Сепак колку и да ви е привлечно да ги лижете вашите усни од балсамот, немојте тоа да го правите.
Бидејќи тој момент на задоволство за некој сат ќе ве проследи со чувство на суви усни.
Рецепт
• 1 лажица рендан восок или перли од восок
• 1/8 чаша кокосово масло
• ½ лажица шеа путер
• ½ лажица какао путер
• ½ лажица мед
• 1 лажица какао
• 1/8 лажица масло со витамин Е (или 2 исцедени капсули на витамин Е)
• 3 капки етерично масло од нане
Шеа путерот и какаото ставете ги во мала тава и додадете го кокосово масло. Ставете ги на ниска температура 20 минути, со повремено мешање.
(Не дозволувајте смесата да достигне температура над 175 °, бидејќи шеа путер може да се згрутчи.
Додадете го пчелиниот восок и мешајте добро. Кога восок сосема ќе се стопи, смесата отстранете ја од топлина и додадете го маслото, медот, витаминот Е и какаото во прав, со постојано мешање.
Кога сите состојки ќе се вклопат во смесата, префрлете ја смесата во туба или метална кутија и оставете ја настрана следните три часа.
Дали сте подготвени да го направите вашиот балсам?
Ви се чини дека е лесно? Најтешкиот дел од правењето на балзамот е всушност, собирањето на состојките. Изработката на балсам за усни дава задоволство, бидејќи сте направиле нешто по ваша воља.