3 лоши навики што ја оштетуваат косата

Многу сме груби кон својата коса кога ја виткаме, ја исправуваме или ја бојадисуваме.
Поради тоа многумина имаат и повеќе од оштетена коса.
Еве и совети како да се ослободите од нив:
1) НЕ СУШЕТЕ ЈА СО КРПА
Косата е послаба, кршлива и понежна кога е мокра. Не ја сушете со грубо триење со крпата, туку нежно исцедете ја водата.
Покрај тоа, не ја чешлајте косата додека е мокра. Користете чешел или четка со широко распоредени запци и четкајте од краевите дел по дел кон коренот.
Оставете ја косата сама да се исуши на воздух, па потоа досушете ја со фен дури кога ќе биде речиси сува.
2) НЕ КОРИСТЕТЕ ВАЛКАНИ ЧЕТКИ
Валканите четки за коса со многу влакна на себе, со масло и со насобрани производи за нега на коса се совршена подлога за развој на бактерии.
Чистете ги барем еднаш месечно со мешавина од сода бикарбона и од млака вода.
3) НЕ ПРЕСУШУВАЈТЕ ЈА КОСАТА СО ФЕН
Кога феновите и пеглите ги користите на бојадисана и на коса што се третира со хемикалии, таа дополнително се оштетува.
Наместо да ја надокнадите изгубената влажност со разни маслени третмани, само уште повеќе ќе ѝ наштетите на косата.
Не го вклучувајте фенот на најсилна температура и ставете кокосово масло како регенератор во текот на ноќта, па наутро измијте ја косата со шампон.