3 најчести проблеми со држењето на телото

Можно е и вие да имате умерено или многу тешка постурални проблеми што можат да влијаат на вашето здравје и перформанси а за тоа дури и не сте свесни.
Поголемиот дел од луѓето, дури и оние кои имаат редовна физичка активност имаат некои од постуралнте девијации при држењето на телото. Повеќето од овие проблеми се предизвикани од “седечкиот” начин на живот.
Секој од проблемите ги опишуваме за да ги препознаете и можните причини и проблеми и како да се ослободите од нив.
Се надеваме дека по овие 3 проблеми со држење на телото ќе размислите и ќе одлучите да тргнете во битката за правилно држење на телото.
Проблем број 1: Подгрбавеност
Препознавање – најдобро може да се види на сликата. Ако предниот дел на грбот ви е навален кон напред за 40◦ тогаш сте подгрбавени.
Можна причина – работа за компјутер или општо предолго седење со лошо држење на телото.
Проблем – Подгрбавено седење на компјутер ги форсира мускулите на градите на контрактура која предизвикува искривување на горниот дел на ‘рбетот или торакална сколиоза. Постуралните мускулите на горниот дел од грбот слабеат и попуштаат.
Решение – ослободете се од згрченоста на мускулите на градите со миофасцијална релаксација (користете масажа) и истегнување за да се зајакнат постуралните мускулите на горниот дел од грбот. Се препорачува вежба со масажа, масажа на горниот дел од грбот со ролер.
Проблем број 2: Заоблени рамена
Препознавање –Земете пенкала во двете раце. Ако пенкалата во рацете посочуваат кон напред во релаксирана положба тогаш имате правилно држење на телото. Ако пенкалата покажуваат едно кон друго или се свиткани под агол, тогаш имате заоблени раменици.
Можна причина –седење и пишување со лошо држење на телото или неправилен начин на вежбање со прекумерен потисок во градите.
Проблем –Седејќи згрбавен на компјутер, мускулите на градите се згрчуваат што доведува до искривување на рамената напред. Постуралните мускули на горниот дел од грбот слабеат и попуштаат.
Решение – е многу слично како и кај подгрбавеност- ослободете се од грчот во градите сомиофасцијална релаксација (користете масажа), истегнувајте се и во исто време јакнете ги постуралните мускулите на горниот дел од грбот.
Проблем број 3: Исфрлена позицијата на главата
Препознавање – Земете слика од вашиот профил. Најдете го AЦ зглобот (акромиоклавикуларниот зглоб- ги поврзува лопатките со латералниот дел на клучната коска или испакнатата коска) и проверете дали вашата ушна школка е во вертикална линија со зглобот. Ако ушната школка е пред вертикалната линија односно зглобот тогаш имате исфрлена позиција на главата.
Можна причина – гледање во компјутер во подгрбавена позиција.
Проблем – Мускулите на задниот дел на вратот се згрчуваат и трапезниот мускул и поткревач на лопатките (мускули на горниот дел од грбот)
Решение –вежбајте правилно држење на главата со мрдање на главата назад додека гледате напред. Бидете внимателни да не ја кревате главата нагоре додека се враќате кон назад. Покрај тоа одете на масажа или користете топка за масажа за горниот дел од грбот кои може да ве ослободи од напнатоста и чувството на затегнатост во вратот.