4 работи што треба да му ги преќутите на вашиот сакан

Ова ви се 4-те ситуации за кој е едноставно најдобра работа да ја држите устата затворена.
Комуникацијата е една од најважните темели за здрава врска. Но, кога станува збор за овие четири нешта, може е подобро да ги задржи за себе.
1- Сексуалните авантури од минатото
Не, не сте обврзани да му откриете колку сексуални партнери сте имале досега.
Исто така, кога станува збор за сексуалниот живот, она што тој, исто така не треба да го знае се сите детали со вашите поранешни партнери.
На никој не му е лесно да слуша такви работи, кои исто така може да евоцираат несигурност и љубомора во него, па земете го ова во предвид пред да се отвори оваа тема.
2- Дека не ви се допаѓа некој член на неговото семејство
Без разлика дали се работи за неговата мајка, која сака да мудрува, сестра му која постојано се испитува дали сте доволно добри за него или некое трето лице од неговата фамилија…
Ако му признаете дека не ви се допаѓаат, тоj само ќе се чувствуваат растргнат, како да мора да избере.
Што мора да направите, направете го тоа со насмевка и продолжете по свое.
И така не мора да бидете со нив цело време.
3- Вашите лозинки
Пред се мислиме на социјални мрежи.
Нивното давање на партнерот е целосно непотребно и може да предизвика уште повеќе расправии, во случај да види нешто што не му се допаѓа нешто или погрешно да протолкува.
Исто така, не го принудувајте да ги дели лозинките со вас. Секогаш е подобро да му верувате на вашиот партнер дека тој нема да оди во погрешна насока колку и да ви се чини ова смешно.
4- Дека не им верувате на неговите пријатели
Повторно, тој се грижи за неговото семејство и за неговите пријатели, па било какво признание од овој вид може да доведе до проблеми помеѓу вас двајцата.
Дури и ако не се согласувате со нив, ако му коментирате како тие се лоши само ќе го налутите, бидејќи тие беа со него пред вас.
Затоа, подобро да ги задржи овие работи за себе.