4 Совети за ефективен тренинг на Арнолд Шварценегер

Познатиот “ГУВЕРНАТОР” и на шеесет години важи за симбол на бодибилдингот и посветено тренира.
Што Шварценегер смета дека сите вежбачи треба да знаат?
Малку луѓе знаат за мускулите онолку колку што знае Арнолд.
И покрај неговата зрелост во овие години, човекот кој неколку пати беше Мистер на Универзумот и легендарниот актер може во теретана да засрами многу помлади не само поради искуството туку и поради неговиот сегашен изглед.
1. Изберете го вашето оружје
“Колку повеќе стареете, толку полесно се повредувате, па затоа треба да ја прилагодите тежината која ја кревате”, изјави Шварценегер.
“Одредени вежби со шипка веќе не може да ги правите, но овие мускулни групи можете да ги вежбате на машина.”
2. Не го заборавајте кардиото
“Секогаш треба да се обидете да преминете од една вежба на друга без пауза “, вели Арнолд.
“На овој начин ќе го искомбинирате тренингот со оптеретување со кардио тренингот и ќе го извлечетете максимумот од вежбањето.”
3. Форсирајте го целото тело
“Сега секогаш правам вежби за целото тело. Клиповите од мојот филм “Саботажа” покажуваат како вежбам гради и грб но овие вежба во реалниот тренинг ги комбинирам со сквотови, кревање на прстите и работа на рацете и рамената “вели тој.
4. Поставете си јасни цели
“Тренингот е можеби потежок но забавно е ако секогаш пред себе имате цел. Мора да верувате во себе, да имате јасна визија и оган во стомакот и да не се срамите туку да се потрудите “, заклучува познатиот актер, бодибилдер и гувернер на крајот.