5 ДОМАШНИ РЕЦЕПТИ ЗА МРСНА КОЖА

Да си направите пилиг сама е многу едноставно и евтино, а одлично и годи на мрсната кожа.
Постојат два вида на природни пилинзи кои убаво и годат на масната кожа. Првите се благи абразивни пилинзи како сода бикарбона и овес, кои ги отстрануваат мртвите клетки од кожата.
Вторите се хемиски пилинзи кои се прават од некои видови овошје.
Тие содржат ензими и алфахидроксилни киселини кои ја раствараат маснотијата од кожата, и со тоа овозможуваат обновување на клетките, а во исто време ги отстрануваат изумрените клетки од нејзината површина.
Еве неколку супер намирници за пилинг кои можете да ги направите сами:
Јогурт против акни
Јогуртот има антибактериски својства кои ги смируваат акните.
Богат е со цинк, ја чисти кожата, а млечните киселини ги отстрануваат мртвите клетки од површината на кожата.
Доволно е со јогурт секое утро нежно да го измасирате лицето 2-3 минути, па потоа да ја ненесете вообичаента козметика за дневна нега.
Белка од јајце против митесери
Одвојте ја белката од жолчката, изматете ја белката додека добиете пена.
Потоа додајте две лажици пченкарно брашно, па добиената смеса нанесете ја на чисто лице.
Оставете да делува половина час па измијте со млака вода.
Овој пилинг е одлично средство против митесери, а освен тоа белката ја затегнува кожата.
Ананасот ги стеснува порите
Изгмечете парче свеж ананас и со него нежно измасирајте го лицето.
Ананасот содржи ензим бромелаин и АНА киселини кои прават нежен пилинг врз кожата, ги стеснуваат порите и делуваат противвоспалително.
Масажата нека трае 2-3 минути. Кога ќе завршите, измијте го лицето со млака вода, истријте го со тоник, па ставете соодветна крема на лице.
Овесот смирува воспаленија
Овесот содржи аванантримиди кои имаат смирувачко и антивоспалително дејство, а содржат и состојки кои ги чистат порите.
Во блендер иситнете две лажици овесни снегулки, додајте лажичка сода бикарбона и малку вода, така што ќе добиете смеса густа како паста.
Нанесете ја смесата на чисто лице, оставете десетина минути, па нежно отстранете ја со млака вода.
Важата кожа ќе биде освежена и чиста.