5 ЗАДОЛЖИТЕЛНИ СЛОЖЕНИ ВЕЖБИ

Вежбите кои се фокусираат на повеќе мускулни групи, зглобовите, тетивите и лигаментите се нарекуваат сложени вежби.
Со изведување на овие вежби се овозможува јакнење на горниот и долниот дел од телото.
Со други зборови, сложените вежби треба да претставуваат централен дел на секој тренингот со тегови.
Изведувањето на сложени вежби во пракса не е лесно, поради тоа почетниците често се откажуваат од овие вежби и посебно внимание даваат на помалите изолациски вежби што е сосема погрешно.
Пет сложени вежби спаѓас под морални, бидејќи тоа се оние кои не треба да се прескокнат ако сакате да напредувате.
Мртво кревање
Вежбата за која е познато дека вежбачите најчесто ја прескокнуваат а која што можеби е најквалитетна од сите земајќи во предвид колкав број на мускули се опфатени при нејзино извршување.
Правилно извршување е нешто на што треба да се обрне огромно внимание, бидејќи секое свиткување грб при кревање може да доведе до фатални последици.
Бенч потисок
Со оглед на фактот дека и на почетниците им е сосема јасно како се прави и за што служи, за оваа вежба веке нема да ви објаснуваме.
Се што треба да се напомене е дека големи тежина не треба да се креваат без помош на асистенти и цело време да се внимава рацете да не се искривени кога се крева тежината, бидејќи тоа отвора непотребен ризик од повреди на зглобовите.
Сквотови
За жал на многу луѓе не им се допаѓа идејата за тренирање на нозе, а особено не дека треба да одвојат цел дел од програмата за тренинг на нозете.
Пропуштајќи ги сквотовите како основни вежби за нозете, се изостава напредок и на многу други горните делови на телото бидејќи сквотовите имаат многу подлабоко влијание отколку што мислите.
Исфрлање над глава
Многу ефикасна сложена вежби чија изведба многу ретко може да се види во салата за вежбање а која комбинирано влијае на горниот и долниот дел од телото.
Најсилно учество во извршувањето на секое повторување имаат мускулите од долниот дел на грбот и рамената, додека помалку активни се и сите други мускули на телото.
Веслање во претклон
За оние кои сакаат да го унапредат горниот дел на телото, вежбата која претставува веслање во поднавалена положба на телото е одличен избор.
Оваа вежба првенствено го опфаќа мускулот latissimus dorsi, но голема работа вршат и подлактите и рамената.
Вежбата може да се изведува со слободна тежина, на посебна машина, а ако изборот падне на шипка или тегови, тогаш се препорачува наведнување околу 45 степени, не повеќе.