5 зеленчукови нутриенти кои се поздрави ако ги сварите

Некои видови на зеленчук се поздрави кога се јадат варени, затоа што со варењето се разбива нивната силна клеточна структура, такашто организмот може полесно да ги апсорбира вредните состојки што ги содржат.
Морков
Бета каротинот, антоксиданс од морковите кој организмот го претвара во витамин А, ни помага подобро да гледаме.
Сировиот морков е тежок за варење, додека варениот не само што е полесен, туку и неговата нутритивна вредност е поголема.
Спанаќ
Организмот полесно ги апсорбира калциумот, железото, магнезиумот, лутеинот и антиоксидансите како бета каротинот што ги содржи овој лиснат зеленчук.
На пример, со варењето, количината на калциум станува тројно поголема.
Печурки
Термичката обработка на печурките не само што е поздрава туку е и побезбедна.
Постојат неколку видови на печурки кои единствено смеат да се јадат варени, а дури и оние кои смеат да се јадат сирови, тешко се варат во таква состојба.
Печурките имаат силна клеточна структура, па варењето помага да се апсорбираат хранливите состојки кои се скриени во нив, ги прават полесно сварливи и ги убиваат токсините што можат да ги содржат.
Кељ
Сировиот кељ е многу тежок за варење. Исто така, варењето го зголемува нивото на витамини A и K и на влакната во кељот.
Домати
Со варењето се зголемува нивото на ликопен што доспева во организмот.
Од сировиот домат во организмот стасуваат само 4 отсто од овој антиоксиданс кој истражувањата го доведуваат во врска со понизок ризик од срцеви болести и канцер.