5 намирници што ќе ве опорават после тренинг

Овие производи се препорачуваат после исцрпувачко вежбање затоа што ја враќаат енергијата и ги опоравуваат мускулите…
Колку пати ви се случило после интензивно вежбање да мачите мака со воспаление на мускулите? Тешко ви е да станете, да седнете, да слезете од автобус и веќе со денови пиете нешто против болки… Секогаш?
Да, знаеме дека е така. Затоа одлучивме да одбереме за вас пет производи што го смируваат воспалението на мускулите, а и понатаму ве држат полни со енергија.
Mлеко
За да ја повратите течноста што сте ја изгубиле во текот на вежбањето најдобар начин е да се напиете чаша млеко кое содржи доза на натриум и калиум што е многу поголема отколку во било кој друг енергетски напиток.
Ананас
Ова овошје е богат извор на ензим што се вика бромелин. Тој е природна состојка која го смирува воспалението на мускулите.
Боровници
Пробајте после тренинг да изедете овошна салата богата со боровници. Не само што се вкусни туку се и моќен антиоксиданс што ја намалува болката и го поттикнува опоравувањето на мускулите.
Грав
Нивото на калиум во телото после исцрпувачки тренинг може нагло да падне и да предизвика слаби рефлекси, плус, негативно да влијае врз нервите и врз подвижноста на мускулите. Доза грав кој е богат извор на калиум може да биде идеален оброк после вежбање.
Keљ и спанаќ
Зеленчукот во вид на спанаќ, брокули и кељ е богат со калциум и магнезиум и е перфектна опција доколку имате воспаление на нозете после долго одење.