5 највитки Холивудски актерки ни ја откриваат тајната на својот убав изглед!

Да се биде ѕвезда има свои предности – огромни плати, пристап до трендовските настани, летување на егзотични места – но и своја цена; огромниот притисок да изгледаат тенки, млади и убави.
Овие пет актерки докажуваат како добро се снаоѓаат во салата за вежбање и дефинираат што значи да се биде здрав, секси и во форма.
Блејк Лајвли (Blake Lively) 21 година
Холивудскиот начин на живот не баш наклонет кон здравиот начин на живот, особено кога станува збор за младите актерки.
Затоа и симнуваме капа на Блејк Лајвли која е исклучок.
Вистина е дека има добри гени и метаболизам за дваесет и едно годишна девојка, но како што вели таа, и нејзиниот тренер; “Никогаш не била на диета но внимава на исхраната со тоа што не јаде лоши јаглехидрати”.
Хали Бери (Halle Berry) 42 години
Изгледот на оваа актерка во текот на годините е се подобар. По раѓањето на детето почна интензивно да се занимава со фитнес и вежбање, исто така во оваа програма таа има вклучено долги прошетки (еден час, пет дена во неделата).
Нејзиниот фитнес тренер и има вклучено во нејзината програма три кардио вежби и два кружни тренинзи.
Според магазинот “People”, Менито на оваа оскаровка се состои од зеленчук, протеини, сложени јаглехидрати и многу вода.
Камерон Дијаз (Cameron Diaz) 36 години
Дека без напор нема резултатите знае и оваа русокоса актерка која својата љубов кон вежбањето ја откри за време на снимањето на филмот “Чарлиевите ангели”.
Додека поминува доволно време во салата за вежбање, Дијаз ја надополнува својата програма за вежбање со активности на отворено, како што се сурфање, пешачење, сноубординг.
Џенифер Анистон (Jennifer Aniston) 40 години
Како миленичка на Америка немаше многу среќа во љубовта но нејзината безвременски убавина ги плени погледите на популацијата низ целата земја.
Во каква форма е Анистон всушност докажува магазинот “ГК” во јануарското издание во кое таа се појави само во вратоврска.
Звездата на “Пријатели” му го должи својот изглед на кардио вежбите, јогата и здравата храна.
Џесика Биел (Jessica Biel) 27 години
Познатата сцена во градник во филмот “Now Pronounce You Chuck and Larry” и насловната страница за магазинот “ГК” се само некои од причините зошто Биел е ставена на оваа листа.
Актерката користи неколку методи за време на вежбањето тука се вклучени истегнување, трчање 0.5 км спринт, тренинг-плиометрија и тренинг со лесни тежини.
Исто така внесува “здрава храна”, односно. Храна која не била на било кој начин обработена.