5 најдобри вежби за секси фигура за дамите !!

Дамите мора да сватат дека вежбајќи со тегови неможат премногу да се набилдаат, за ваша информација убави дами, најзгодните девојки на светот часови и часови поминуваат вежбајќи во салата за вежбање.
Се разбира, првото прашање е каков вид на програма за тренинг да изберат и на кои вежби да стават акцент.
Овде следи пад во нова стапица, бидејќи треба да се свати дека напредок не може да се постигне само со неколку часа мачење на кардио машини или со различни уреди за изолациски вежби, што не обезбедуваат ниту близу сличен ефект како “страшните” и “машките” вежби со шипка и тежини.
Подолу можете да проверите кои пет вежби имаат посебно влијание за изградбата на секси женско тело.
1. Мртво кревање
Како прва вежба која во овој случај треба да се наведе, тоа е вежба која дамите ја избегнуваат, тие обично дури и не се обидуваат ни да ја направат.
Се работи за вежба која експертите ја нарекуваат кралица на сите вежби, бидејќи извршувањето на движењата е т.н. мртво кревање, и во овој потфат повеќе или помалку учество сите мускули во телото.
Освен зголемената потрошувачка на сила и на калории, оваа вежба влијае првенствено на долниот дел на грбот, задникот и задната ложа.
Нели се тоа оние делови од телото за кои фантазираат дамите?
2. Клекнување (сквот)
Уште една фантастична сложена вежба која никој во салата не треба да ја заобиколи е добриот стар сквот.
Во споредба со тренинг првенствено врз основана трчање на лента, вежбањето на степерт и велосипед, кревањето на голема шипка со колку што е можно потешки плочи или тегови, за дамите делува обично премногу брутално и машки.
Сепак, повеќето не сфаќаат дека сите оние славни дами за чиј заден дел зборуваат мажите и жените низ целиот свет, барем еднаш неделно пролеваат литри пот правејќи сквотови.
На кратко, тоа е основна вежба за нозе, во која голем дел од работата ја вршат мускули на задникот.
3. Потисок со колковите
Кога веќе заоблен и цврст задник е толкава опсесија на дамите како еквивалент на развиените бицепси и градите кај мажите, тогаш никој не треба да ги прескокнува вежбите на потисок со колковите како една од особено препорачаните вежби.
Иако само извршувањето на оваа вежба изгледа прилично чудно и привлекува многу погледи, на многу квалитетен начин го зајакнува задникот и тоа на сосема поинаков начин отколку што тоа е случај со сквотовите.
Овде се работи во практично изолирање на мускулите на задникот и нивното директно погодување.
4. Потисок над глава
Третата замка во која дами доста често паѓаат е тоа што премногу се базираат на долниот дел од телото и делумно или целосно го запоставена пропорционалниот развојот на мускулите на горниот дел од телото.
Што се однесува до убавината на убаво обликувано тело, основен услов за пропорционалност се исто и убаво обликувани рамена и раце .
Потисок над глава е вежба која може да се врши со тегови и со шипка или со плочи, и како примарна цел влијае на рамениците, со учество на мускулите на рацете и телото како стабилизатор за време на извршувањето на целото движење.
5. Кетбел замав
Како идеален начин да се заврши секоја тренингот, за дамите се препорачува таканаречен HIIT тренинг.
Се работи за вежби со висок интензитет кои истовремено ги градат мускулите, но трошат повеќе калории отколку повеќето кардио вежби.
Познатиот kettlebell swing или кетбел замав е вежбата е која спаѓа во самата елита по потрошувачка на калории во минута.
Ги активира сите мускули на телото, а особено врши добра работа кај мускулите на грбот и рамениците.
Ако масните наслаги се основен проблем кај поголемиот дел од девојките / жените, ако сакате да се доведете во топ форма тогаш споменатава вежбата но и сите други со жесток интензитет не треба да се отстранат од програмата за тренинг и нивниот тајминг е совршен по вежбите со оптеретување.