5 НУТРИЕНТИ КОИ ГИ ТОПАТ МАСТИТЕ

Лошите навики, нездравата исхрана, стресот и намалената физичка активност не ги оставаат последиците преку ноќ, така што потребно е и време за последиците да исчезнат.
Следниве намирници не само што влијаат на губењето на мастите, туку се и одлични за вашето здравје.
Ѓумбир
Омилената кинеска намирница му помага на телото полесно и побрзо да ги согорува мастите.
Служи како средство преку кое телото ги согорува маснотиите и ги претвара во топлина.
Зелен чај
Го забрзува метаболизмот и согорувањето на мастите, го намалува нивото на холестерол, се користи и кај инфекции и настинки.
Jаболко
Поттикнува исфрлување на течностите од организмот, го јакне имунитетот, спречува умор и губење на концентрацијата, содржи 90% вода и има 0 масти.
Грејпфрут
Содржи ензими кои го намалуваат нивото на инсулин и глукоза во крвта, многу е богат со витамин Ц, поттикнува исфрлување на течностите од организмот, и помага при покачен крвен притисок.
Интегрални житарки
Богати се со витамини Б и Е, магнезиум, железо и сложени јагле-хидрати, го намалуваат нивото на холестерол во крвта, помагаат при варењето на храната и исфрлувањето на токсините.