5 причини зошто Тој го игубил интересот за секс!

Вие сега сигурно панично се прашувате што да прeземете.
Па прво престанете да се обвинувате себеси и обидете се да ја согледате ситуацијата од негов агол…
1- Се чувствува несигурно
Во организмот на мажите има 40% повеќе тестостерон па затоа нивната сексуална желба е посилна отколку кај жените.
Меѓутоа неуспесите во работата, чувството на вина поради испиената чашка повеќе или поразот на омилениот фудбалски тим можат да ја загрозат неговата машка самосвест.
Всушност 32 посто мажи велат дека дебелеењето ја нарушува нивната самодоверба.
Затоа избегнувајте ги класичните игри на заведување за да не вршите притисок на него, дајте му простор и бидете трпеливи.
2- Не е старомоден тип
За време на 50-тите години на минатиот век, сексот за мажите беше основен вид блискост со жените.
Но благодарение на појавата на новиот тип мажи или „метросексуалци“, посилниот пол може да оствари интимност и на други начини, што значи дека сексот станува помалку важен фактор.
Многу мажи денес ги прави среќни гушкање или интимен разговор.
3- Повеќе нема осумнаесет години
Заборавете го стереотипот на ненаситни средновечни мажи.
Машкиот пол својот врв на сексуалната функција го постигнува на 18-годишна возраст а потоа следува бавно опаѓање на капацитетот за ерекција и за ејакулација.
Жените се разликуваат од мажите бидејќи нивното слабеење на сексуалната моќ е мнооогу побавно.
Жената може да доживее оргазам и по 50-та година од животот а се продолжува само времето потребно да го постигне.
4- Постојано е поспан
Физичката активност е природна вијагра, бидејќи го забрзува протокот на крв.
Правилната исхрана исто така може да го поттикне неговото либидо.
Комплексот Б-витамини, кој се наоѓа во интегрални житарки, јунешко, свинско и пилешко месо и во јајца може многу да помогне.
5- Не умее да ви ги чита мислите
Размислете и сами, како тој би знаел дека сакате секс ако не му кажете?
Можеби вашите сексуални потреби се разликуваат, па слободно кажете му дека ви недостасува физичка блискост, дека сте загрижени за вашата врска и иницирајте разговор.