5 реченици кои не треба да му ги велите на вашиот партнер откако ќе се соблечете !

Постојат зборови кои можат да ги уништат вашите интимни моменти со вашиот партнер.
Во сексот, како и во многу други работи, важна самодовербата, па немојте да го пропуштите поради овие реченици!
1). НЕМОЈ ДА МЕ ГЛЕДАШ!
Подобро е да кажете : “Гледај во мене слободно”. Овие зборови ќе бидат увертира на моменти полни со интимност, страст и забава.
“Ништо не е посекси во овој момент од моето тело” и оваа реченица е добар избор. Убедливо ќе делувате ако така и звучите. И никако на друг начин.
2). ГИ МРАЗАМ МОИТЕ…
Ако веруваме дека сме сексибилни како такви и другите да не прифатат.
За тоа ние одлучуваме а не стандардите на убавина што ни се наметнати од страна на модната индустрија или светот на шоу бизнисот.
3). ИСКЛУЧИ ГО СВЕТЛОТО!
Една работа е ако ова го барате бидејќи сакате по интимна атмосфера, но ако тоа го правите затоа што сакате да се криете во темнината, тоа е веќе друго прашање и е сосема погрешно.
И знајте го следново: Ако на некој не му се допаѓате на светло не ве заслужува ни во темница.
4). ИЗВИНИ ШТО…(МОЈОТ ДЕЛ ОД ТЕЛОТО) ИЗГЛЕДА ВАКА…
За време на сексуалниот однос нема постои простор за изговори поради “недостатоци”.
Дури и ако сте објективни во проценката за својот изглед, партнерот особено ќе ги сака вашите мали недостатоци.
5). НЕ САКАМ ТОА ДА ГО ВИДИШ
Ако на партнерот му ја поставите овој тип на забрана, го намалувате неговото уживање за време на сексот. Но и негативно влијаниете и врз вашето задоволство.
Важно е за време на сексот да не си го поставите прашањето: “Дали изгледам добро?”.
Така оставате впечаток дека се чувствувате непријатно во својата кожа.
Сакајте се себе си! 🙂