6 важни совети за кои треба да размислите при изборот на фитнес центар?

1. Дали вработените во фитнес центрите има академско образование и искуство кога станува збор за тренирање?
Ако немаат завршено ДИФ ( Факултет за физичка култура) треба да поседуваат некои сертификати од призната институција во светот и во нашата земја.
2. Дали е чиста салата и дали уредите се исправни и дали се одржуваат?
Проверете дали клупите и седиштата се стабилни. Исто така проверете дали се сигурни сајлите на уредите и не се оштетени.
3. Дали воздухот е свеж и дали нормално циркулира?
Воздухот не треба да биде загушлив и да се чуствува непријатен мирис. Како резултат на овие околности може да се предизвика вртоглавица и разни други проблеми.
4. Дали е оптимална температура за работа?
Ниските температури доведуваат до намалување на мускулите што резултира со зголемен ризик од повреда.
5. Дали вработените во теретаната за која што размислувате ќе ја следат вашата работа и напредок?
Важно е тие да ви помогнат во подготовката на планот за вежбање, да ви покажат како се користат уредите правилно и да го следат вашето темпо на вежбање и како последица на тоа ве корегираат или да ви ги менуваат вежбите.
6. Дали во фитнес центарот има кутија за прва помош и дали персоналот е обучен да ви пружи прва помош?
Често се случува при вежбање, особено кај неискусните вежбачи, доаѓа до загуба на воздухот поради неправилно дишење или прекумерно вежбање.
Може да се случат и различни повреди затоа е потребно да се има комплет за прва помош и персонал обучен да даде прва помош.