6 митови за стриите

Стриите денес се проблем за многу жени, но знаете ли кои се најчестите заблуди за нив?
1. Само трудниците можат да имаат стрии
Кај трудниците, помалку или повеќе, се појавуваат стрии, но тие се појавуваат и кај другите луѓе доколку нагло се здебелат или ослабат.
2. Стриите можат да се спречат
Ризикот од појавување стрии ќе го намалите единствено ако внимавате на својата исхрана и ја држите тежината под контрола. Радикалните промени на тежината секако дека ќе предизвикаат појава на стрии.
3. За време на бременоста стриите се појавуваат само на стомакот
Во бременоста, стриите најчесто се појавуваат во делот на стомакот, бидејќи таму кожата најмногу се растегнува, но тие се појавуваат и на градите, задникот, бедрата и на надлактиците.
4. Кога ќе ослабите, стриите ќе исчезнат
Во некои случаи тоа е точно, но кога еднаш ќе се појават стриите, големи се шансите тие повторно да се појават, бидејќи растегнатата кожа тешко се враќа во првобитната состојба.
5. Стриите можат да исчезнат и со повремена употреба на крем
За да се ослободите од стриите, морате да бидете многу упорни и дисиплинирани, особено ако користите домашни третмани со кремови. Важно е кремот да се нанесува двапати дневно на критичните места. Кремовите нема толку да дејствуваат на постоечките стрии, но ќе дејствуваат превентивно против настанување на нови.
6. На малите деца и на тинејџерите не можат да им се појават стрии
Токму на таа возраст е честа појавата на стрии, а најчесто е предизвикана од нагло растење. Но тие сè уште се во развој, па нивните стрии ќе избледат многу побрзо отколку кај возрасните.