6 Совети како до повозбудлив секс?

Сакате пожежок, поинаков и поинтимен секс од порано, па дури и вечерва?
Прочитајте ги овие мали секс – совети…
1- Згответе вечера
Одредени намирници можат да ви помогнат да доживеете посилен оргазам, бидејќи ја поттикнуваат циркулацијата.
Затоа, кога готвите само за него, изберете некои од овие намирници: зелен листен зеленчук, семки од лен или од тиква, јаткасто овошје и цитруси, риба и морски плодови, темно чоколадо, лути зачини…
2- Заведете го без ниеден допир
Предиграта може да почне уште пред да се соблечете.
На пример, кога сте во поголемо друштво, наведнете се над него и шепнете му што ви е на ум.
Или за време на работно време испратете му провокативна СМС. Можностите се бесконечни!
3- Преземете иницијатива со малку стриптиз
Мажите обожаваат да набљудуваат жени што со голема самодоверба ги покажуваат своите телесни квалитети.
Немојте да сте нервозни поради премиерното изведување на еротската програма – смејте се и уживајте во она што го правите.
Нему ќе му биде возбудливо апсолутно сè!
4- За подобар секс потребна е вежба
Колку се посилни карличните мускули, толку се посилни и контракциите, па и оргазмот ќе биде поинтензивен.
Оваа вежба стручњаците ја нарекуваат – гаранција за оргазам: легнете на грб и свиткајте ги колената, стегнете ги мускулите на задникот, стомакот и на карлицата.
Кревајте ги и спуштајте ги колковите без да го допирате подот со задникот.
Направете 15 повторувања.
5- Дали сте слушнале за секс-пирамида?
Идејата е слична на пирамидата на правилна исхрана и наменета е за оживување на сексуалната рутина.
Седумте нивоа на пирамидата ги сочинуваат седум типови секс: интимен, авантуристички, страстен, брз, секс за смирување, доминантен и соло-секс.
Ваше е да изберете кој тип ќе се најде на дното, а кој на врвот на пирамидата.
Важно е на вашето „мени“ да има сè.
6- Не го задржувајте здивот среде оргазам
Дишете длабоко – вдишете низ нос, почувствувајте како стомакот ви се полни со воздух, а потоа полека издишувајте преку уста.
Оргазмот ќе биде поинтензивен…