7-те тајни на Mерилин Mонро кои секоја девојка ќе ја претворат во заводничка

Норма Џин Мортенсон попозната под уметничко име Мерилин Монро е родена на 01. Јуни 1926 година во Лос Анџелес.
Оваа славна убавица и холивудска дива и денес ја сметаат за една од најубавите жени на сите времиња. Еве во што била тајната на нејзината убавина.
1. Негувана коса
Еден од заштитните знаци на Мерилин Монро била и нејзината коса. Уште во младоста нејзината коса ја сменила од кафена во платинеста боја и тоа бил полн погодок.
Покрај тоа, ги негувала нејзините локни и секогаш изгледала заносно. Ви предлагаме и вие да ја осветлите косата.
Не мора да имате толку светла нијанса, но можете да се обидете со боја на мед.
Доколку косата ви е исклучително темна, постепено осветлувајте ја за да не добиете контра ефект.
2. Блескава кожа
Клучно за нејзината убавина било одржувањето на нејзината преубава кожа.
Таа ја хидрирала косата речиси по цел ден, но задолжително наутро и навечер.
Исто така, користела и крема против лузни, специјално направена за неа, која ги ублажувала лузните на стомакот.
Не е неопходно да се „мачкате“ по цел ден, но во својата рутина вклучете го користењето на дневна и ноќна крема.
3. Мачкасти очи
Со овој многу едноставен трик очите изгледаат мачкасто и заводнички. Во својата козметичка торбичка секогаш имала црн и кафен креон.
Креонот можете да го нанесете долж целиот капак или само на краевите, во секој случај ќе добиете моментално посвеж изглед на лицето.
4. Нагласете ги трепки
Природата не и дала долги и убави трепки. Нејзината тајна била во вештачките трепки. Одбирајте ги оние кои изгледаат што поприродни.
И уште еден совет, пред ставање, свиткајте ги своите природни трепки за да направите добра основа за ставање на вештачките трепки.
5. Обликувајте ги веѓите
Мерилин имала специфични, помалку остри веѓи.
За да добијат ваков облик, најдобро би било еден или еден месец и половина да ги пуштите да пораснат, па потоа да посетите салон каде професионално ќе ви ги обликуваат.
Знаеме дека е исклучително непријатно кога ќе „зараснат“, но верувајте, ќе ви се исплати сето тоа.
6. Заносни црвени усни
Уште еден заштитен знак биле и црвените усни. За да ја најдете нијансата која ви одговара, видете како ќе ви се слагаат не само со тенот, туку и со бојата на очите.
Портокалово-црвената боја одлично се сложува со боја на лешник на очите, светло-кафени со зелени, додека црвената е „резервирана“ за сини и темно кафени очи.
7. Само вашиот мирис
Кога Мерилин еднаш ја запрашале што носи во кревет, таа изјавила : „Само пет капки Шанел“ и така влегла во историјата.
Пронајдете го и вие вашиот мирис. Доколку сакате да ве забележат одберете еден мирис кој ќе биде ваш заштитен знак и кој совршено ќе ви одговара на вашиот карактер.