8 најчести грешки кога шминкањето за на работа е во прашање

Шминка соодветна за работното место обично значи дека не треба да се шминкате ниту премалку ниту премногу.
Каде е средината?
Лицето кое делува одмарно, што сјае и е пријатено за око.
Ако ги исправите 8те најчести грешки кои повеќето луѓе ги прават, кога станува збор за шминка за на работа треба да ја постигнете таа совршена, златна средина.
Проверете во продолжеток кои грешки се во прашање.
1. Се шминкате во канцеларијата со слабо осветлување
Не стигнавте да се нашминкате дома или сакате да ја поправите шминката, па го правите тоа на работното место.
Ако осветлувањето е лошо кога ќе се видите на дневна светлина нема да бидете задоволни!
2. Ставате премногу сјај
Светки, премногу туш на очите и сјајни сенки оставете ги за вечерните излегувања додека за шминка за на работа изберете по неутрални опции.
Од друга страна, малку руж на образите не само што не пречи, дури и е пожелно.
3. За важните состаноци и презентации не ставајте интензивни кармини на уста
Да го фокусирате вниманието на она што го зборувате, пред се го привлекувате вниманието прво на вашите усни.
Нека карминот со интензивни бои остане ваше тајно оружје но за вакви ивенти сепак користете неутрални светли нијанси.
4. Ставате премногу течна пудра
За на работа бирајте пудри со лесни текстура, не премногу тешки пудри за лицето да ви изгледа поприродно и посвежо.
5. Дајте им дефиниција на веѓите
Веѓите го дефинираат лицето и даваат многу сериозен изглед, па затоа е важно да ги дефинирате.
Тоа не треба да биде претерано, но малку молив, сенка или гел за веѓи ќе ви го направи погледот поинтензивен а вашето лице со деловен изглед.
6. Користете сјај за уста
Исто случај како со сенките за очи, светките и сјајот на вашето лице употребувајте за вечерни или други прилики.
Изберете мат варијанти додека сте на работа. Светли земни бои или уста боја или розеникави варијанти.
Исто така, балсам за усни е многу добра опција која дури и повеќе ќе ви одговара на усните.
7. Претерано го контурирате лицето
Ви честитаме доколку ја совладавте техниката за совршено шминкање но за на работното место морате да ја совладате техниката на благо контурирање.
Ништо интензивно само благи и лесни тонови за да ви ги истакнат цртите на лицето.
8. Не користите руменило
Руменилото дава здрав и свеж изглед на вашето лице, никогаш не го заборавајте!