AKO САКАТЕ РАМЕН СТОМАК ЗАБОРАВЕТЕ НА ОВИЕ НАМИРНИЦИ !

Надувувањето често предизвикува непријатност и гасови.
Ако сакате рамен стомак, а не знаете како да се ослободите од овој проблем, одговорот верувале или не лежи токму во гумите за џвакање, газираните пијалоци, мешункастите плодови, зачините, како и во млечните производи.
Колку пати сте се соочиле со ситуација кога сте сакале да го облечете омилениот фустан или здолниште, но поради честото надувување сепак сте биле во дилема за тоа како ќе изгледате?
Проблемот лежи во секојдневните навики и намирници кои ги консумирате, за кои можеби и не сте знаеле дека го отежнуваат процесот на варење.
Нутриционистите ви откриваат што сè предизвикува чувство на непријатност во стомакот.
Зачини
За солта е познато дека ја врзува водата во организмот и со тоа предизвикува надувување.
Но, што е со останатите зачини? Зачините како што е карито, чилито и слатката пиперка ослободуваат големо количество на желудечна киселина.
Тоа може да му наштети на дигестивниот систем предизвикувајќи надувуање.
Мешункасти плодови
Мешунките содржат олигосахариди, кои се сахаридни полимери и содржат неколку видови на составни шеќери.
Бактериите во дебелото црево се единствени кои можат да го сварат овој сахариден полимер и затоа често доаѓа до гасови и надувување при консумирање на мешунки.
Газирани пијалоци
Меурчињата од киселата вода и газираните пијалоци можат да предизвикаат надувување и гасови.
Преработените шеќери кои газираните пијалоци ги содржат предизвикуваат високо ниво на нетолеранција во дигестивниот систем кај некои луѓе.
Млечни производи
Некои луѓе едноставно не го произведуваат ензимот лактаза, кој инаку помага во разбивањето на шеќерите од млекото, попознати како лактоза.
Заради безболно варење на млечните производи нашиот организам мора да произведува лактаза, бидејќи во спротивно доаѓа до надувување, гасови и проблеми со варењето.
Гуми за џвакање
Со честото користење на гумите за џвакање голтаме и повеќе воздух.
Тој воздух се задржува во нашиот дигестивен систем, а потоа предизвикува гасови и притисок во организмот.
Истото може да ви се случи и ако не ја соџвакувате храната доволно, јадете на брзање и зборувате додека јадете или пиете од цевка.