CLA – Tonalin – масти за губење на тежината

CLA е кратенка од конјугирана линолинска киселина, која е изомер на линолинската киселина (LA). Се наоѓа во месото и некои други намирници.
CLA во форма на тоналин е безбеден, научно докажан и ефективен додаток во исхраната.
За разлика од некои други во организмот присутни масти, CLA ефектот е изразен со зголемување на чистата мускулна маса која телото природно го прави потенко воедно и поздраво и посилно, без непријатниот јо-јо ефект.
Зголемување на мускулната маса значи согорување на повеќе калории, што дополнително ја зголемува загубата на поткожното масно ткиво – и тоа на местата каде што најтешко се отстранува!
Иако губењето на масното ткиво е најочигледен ефект на тоналинот, над 200 од овие студии покажуваат дека CLA-то би можело да има влијание врз намалување на можноста од рак на дојка, им помага на астматичарите, ја контролира на алергиската реакција, дијабетисот и ја ограничува прогресијата на атеросклероза.
CLA е изолирана релативно доцна, во 1978 година на Универзитетот во Висконсин, а можности за примена и благотворност на здравјето за организмот интензивно се истражува.
Тоналинот е водечки бренд на CLA во светот и на тоа се прават апсолутно највеќе истражувања.
Tonalin CLA како пилула за слабеење?
Една од главните причини за дебелината многу веројатно се должи на недостаток на CLA во организмот.
Поради разликите во начинот на исхраната на говедата за производство на месо нивото на CLA во храната е намалена за околу 60% во последните триесет години.
Излегува дека новиот производ излезе на виделина само поради начинот на кој денес се хранат кравите!
Организмот на кравата може да ја претвори линолинската киселина во коњугирана линолинска киселина (CLA) а човечкиот организам не може.
Единствениот начин да се задоволат потребите на организмот за внес на CLA е внес на доволно месо и други намирници кои ја содржат, или да ја конзумираме преку капсулите како додаток во исхраната.
Со развојот на технологијата, научниците успеаа да ја конвертираат линолеинската киселина од сончогледово масло во конјугирана линолинска киселина која денес ја наоѓаме во практична форма наречена Tonalin.
Иако повеќето студии се спроведени на животни, некои неодамнешни студии спроведени врз луѓето потврдија дека конзумирање 3-4 грама дневно TONALIN доведува до значително намалување на масното ткиво и редукција на абдоменалните наслаги на испитаниците за околу 2,5 см во текот на месецот.
Препорачаната доза на CLA се движи помеѓу 2,5 до 5 грама на ден, со претпоставка дека износ до 1 гр го конзумираме преку редовните оброци.
Разликата нужно е да ја надокнадите преку внес на капсули. Воедном еден месец е периодот по кој може да очекувате видливи резултати.
Што е јо-јо ефект?
Еден грам на масти зафаќа два пати повеќе од волуменот на мускулите. Кога процентот на масти во однос на мускулната маса станува диспропорционален резултати тоа се нарекува дебелина.
Во овој факт лежи објаснувањето на природно познатиот ефект на зголемување на обемот и опсегот на телесна тежина при спроведувањето па престанок на различни диети – малку долу, малку (или повеќе) погоре.
Ваквите варијации во тежината по спроведување на диета се вика јо-јо ефект.
Повеќето диети за слабеење – без оглед на тоа дали тоа се диети со внес на малку калории, чудотворни апчиња или прашоци со некои влакна да резултира со губење на мускулната маса, заедно со губење на масното ткиво.
По спроведување на речиси секоја диета следи краткотрајно губење на тежината, а кога тежината пак ќе почне да расте, изгубените мускули обично се заменуваат со масти.
Ова значи дека што повеќе применувате диети, толку повеќе вашето тело ќе има масти и помалку мускулна маса.
Малку мускулна маса за мнозинство на луѓе значи дека телото се помалку и помалку ги троши преку храната внесените нови масти. (Од овој податок произлегува ефектот на вежбањето односно физичката активност.)
Незадоволството по враќањето на тежината и масните наслаги ќе предизвика нов круг на подложување на диети – и така влегувате во маѓепсан круг.
Треба да се напомене дека нерамнотежата меѓу мастите и мускулите се зголемува со возраста.
Земајќи CLA – Tonalin е најдобар начин да се врати природната рамнотежа помеѓу мастите и мускулите за подолго време.