“Light” производите не гарантираат помала килажа !

После потрошувачка треска следува – диетална треска. Во двата случаеви профитираат произведувачите и продавачите на одредени производи.
Прашањето е колку во сето тоа ќе профитираме ние?
Што се “light“производи?
Откако сме консумирале храна од домашната кујна во текот на празниците и сме акумулирале калории, крајно време е за поправка на штетата.
Затоа на рафтовите бараме производи со ознаки light, low fat, sugar free..
Light е ознака за производ кој има помалку калории, помалку маснотии, помалку натриум или ниска содржина на јаглехидрати во однос на стандардните производи.
Се работи за производи кај кои им се намалени одредени својства кои ги поседуваат.
Така некои се препорачуваат при редукциски диети, за оние кои боледуваат од кардиоваскуларни болести им е намален натриумот, а производите без шеќер се наменети за дијабетичарите.
Fat free (без маснотии) е информација која производителот има право да ја истакне ако производот има маснотии помалку од 0,5 г.
Reduced (намалено) е ознака која се однесува на одредена нутритивна компонента и значи дека во производот нејзината количина е намалена за 25%, додека напомената збогатено покажува дека во производот се додадени некои нутритивни компоненти (збогатено со витамини итн.)
Такви производи обично ги избираме во ситуации кога се сомневаме дека телото има дефицит од нешто или во случај кога имаме зголемени потреби од какви имаат спортистите, деца во развој или лица кои закрепнуваат.
Водечките експерт за прехранбени пореметувања во Европа, имаа нагласено дека со појавата на Лајт производите бројот на заболени од прехранбени пореметувања останал непроменет.
Напротив, декларацијата неповолно влијае на лица кои имаат предиспозиција за развој на прехранбени пореметувања.
Имено тие лица поради консумирањето на Лајт производите обично не ја намалуваат вкупната количина на внесени продукти во текот на денот.
Работата е во тоа што не се работи за производи кои се бескалорични, туку само им е смалена калориската вредност и со нивно претерано консумирање воопшто не може да се ослабе.
Од вишок на килограми не се лишени ниту консументите на храна со органско потекло. Значи, ниту ознаката Био или Органско, не треба да значи дека таа храна може да се користи по принципот што повеќе тоа подобро.
Тоа е причината зошто со систематска работа на неколку нивоа треба да создадеме добри навики за јадење и да се обезбедиме објективни и професионални информации што ќе ни користат при избор на храна, кои ќе бидат соодветни на потребите.
Доколку консумирате осиромашени производи во несоодветни количини, нема да се намали телесната тежина, но на краток рок ќе си ја смирите совеста и ќе бидете сигурни дека имате добри навики за јадење, Троптал.
Но губењето на тежина може да се постигне само со потполна апстиненција од слатки и пијалоци, пржена и панирана храна, и со планирање на три или повеќе оброци во умерени количини.
Природни лајт производи се салата, блитва, праз, зелка, пилешко, јаболка итн.
И не заборавјте – најдобриот сојузник на добра и успешна диета е зголемена физичка активност, и без неа нема резултат !